25-годишно момче од Мичиген успеало да преживее дури 555 дена без срце, а притоа да тренира и кошарка.
Стен Ларкин кога имал 16 години добил дијагноза за наследна кардиомиопатија, кога во текот на еден кошаркарски тренинг се онесвестил.
Во декември 2014 година лекарите му го извадиле срцето кое го издало. На листата за чекање за нов орган имало стотина луѓе пред Ларкин, па тој станал прв жител на Мичиген кој е опремен со „SynCardia Freedom“ – вештачко срце кое со помош на компресиран воздух ја придвижува крвта низ телотo.
– Стен го промовираше развојот на оваа технологија, изјавил неговиот лекар.
Наспроти тоа што на грбот постојано мора да носи ранец со софистицираниот апарат, ова момче не се одрекло од активниот живот, а своето ново „срце“ го менувал дури десет пати. Новото човечко срце го добил во мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст