| четврток, 6 декември 2018 |

Одличен ден за Близнаци и Рак: Дневен хороскоп за недела, 12 јуни

ОВЕН
Денес на работното место ситуацијата ќе биде мирна. Конверзацијата со колегите повеќе не е напната и не треба да стравувате дека ќе бидете погрешно сфатени. Бидете внимателни со претпоставениот и не го нарушувајте неговиот углед пред колегите. Во текот на денот можете да очекувате финансии од страна на еден член од семејството. Ако имате деца и имате потреба да им помогнете, помошта ќе дојде од страна на личност која е на повисока функција. Партнерските односи уште долго ќе бидат добри и ќе ви овозможат да се посветите на други работи.

БИК
Ако се занимавате со недвижнини или градежништво, денес ќе имате шанса да направите многу добра зделка. Можеби ќе почувствувате дека цената можете да многу да ја зголемите, но сепак не претерувајте. Денес тоа ќе помине, но може да ви ги намали шансите за во иднина. Доколку денес купувате куќа или стан, бидете подготвени на низа поволности. Слободните бикови конечно ќе здивнат. Личноста од минатото која повторно се појави во изминатиот период ќе се повлече и ќе ве остави мирно да продолжите со животот.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате како повторно да сте родени. Проблемите околу сообраќајот, документите, техниката ќе ги оставите зад вас и конечно ќе почнете успешно да ги реализирате плановите. Доколку имате контакт со авторитети, можно е преку нив да постигнете неочекуван успех. Во попладневните часови ве очекува пријатно дружење со пријателите. Доколку сте слободни, постои шанса да запознаете личност родена во огнен знак. Ако сакате да ја задржите личноста покрај вас, не обидувајте се да ја шокирате со вашите контроверзни ставови.

РАК
Кариерата ви оди по нагорна линија. Можеби сакате малку да се смирите и да се посветите на семејството, но шансите се толку добри што ќе морате да ги искористите. Денес ќе имате можност преку една личност од авторитет да добиете шанса за голема заработка. Ако сте вљубени, бидете внимателни и проверете што значат зборовите кои ви ги упатува партнерот. Тој зборува двосмислено и има за цел да го наруши вашето его. Потребно е да разговарате и да видите дали се работи за љубомора поради вашите успеси или за нешто друго.

ЛАВ
Полни сте со самодоверба и со планови за иднина. Можностите што ви се нудат во овој период можат сосема да го сменат вашиот досегашен начин на живот. Во овој период е многу важно со кого се дружите и на кого му ја давате вашата доверба. Познато е дека не сакате да има никој над вас и дека сакате во се да бидете први, но дружењето со личности од авторитет може многу да ви помогне. Денес може да сретнете пријател кој живее подалеку од вас. Разговорот што ќе го водите може да ви овозможи некои нови почетоци. Не пропуштајте ја шансата.

ДЕВИЦА
Денес ги оставате зад себе моментите кога ништо не ви одеше од рака. Се она што планиравте паѓаше во вода под нејасни околности. Конечно ситуацијата почнува да се менува и почнувате полесно да дишете. Доколку имате цел која сакате да ја постигнете, гледајте да се опкружите со успешни луѓе. Тие ќе ви овозможат да го постигнете она што го сакате. Денес очекувајте ненадеен прилив од страна на партнерот. Не опуштајте се во партнерските односи. Денес може да слушнете нешто што нема да ви се допадне.

ВАГА
Ако имате некои правни проблеми, денес ќе имате можност успешно да завршите со тоа што ве измачуваше во изминатиот период. Исто така можен е успех и за оние што се занимаваат со јавна работа. Проблемот ќе го решите со помош на една видна личност од вашето опкружување. Не одбивајте ја помошта затоа што ваквите шанси доаѓаат ретко. Ако сте вљубени, денес саканата личност ќе се обиде да разговара со вас за тема која вие упорно ја избегнувате. Денес ќе морате да се соочите со прашањето и да го дадете одговорот.

СКОРПИЈА
Денес ќе имате можност да ги поправите односите со еден пријател. Во изминатите денови имавте различни ставови за одредени прашања и доаѓавте во конфликт. Денес ќе се усогласите и ќе продолжите како и пред конфликтот. За да ги решите проблемите на работното место побарајте помош од претпоставениот или ако сте приватник од некој човек со авторитет. Денешниот разговор може многу да ви помогне и да ги поправи грешките што ги направивте во минатото. Побарајте помош од партнерот, тој е во состојба да реши голем дел од вашите проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Денес сите патишта ќе ви бидат отворени. Контактот со странци ќе ви овозможи голем успех. Ако се занимавате со производство на храна или поседувате ресторан, денес очекувајте многу успешен ден. Можно е да добиете и неочекувана понуда за долгорочна соработка. Доколку имате ортачки бизнис, работите почнуваат да одат на подобро. Несогласувањата со партнерот ќе престанат и после подолго време ќе ги усогласите ставовите. Ако сте слободни, ќе морате да се помирите со фактот дека врските ви се кратки и бурни и дека уште долго ќе ја барате вистинската личност.

ЈАРЕЦ
Ако имате сопствен бизнис, денес можете да очекувате поголем прилив на средства. Јарците што се вработени во фирма денес конечно ќе осетат олеснување на работното место. Односот со колегите беше турбулентен и често имавте несогласувања. Вие ја научивте лекцијата и денес нема да влегувате во непотребни конфликти. Ако играте игри на среќа, денес е можна добивка. Во домот се уште е присутна нервоза и потребно е да останете смирени за да не ја влошувате ситуацијата. Партнерот е особено осетлив и може да реагира бурно.

ВОДОЛИЈА
Денес е можно да отидете на пат. Бидете внимателни и ако е можно не возете. Моментално реакциите ви се нервозни и можете да си предизвикате несакани проблеми. Финансиската ситуација се уште е нејасна и се обидувате да ловите во матно. Бидете претпазливи и размислете пред да направите финансиска конструкција. Може да се случи да направите погрешна проценка. Денес е можна добивка која има врска со еден член од вашето семејство. Во попладневните часови ве очекува дружење во поголемо друштво.

РИБИ
Чувствувате дека е време да си се посветите себеси, но се уште не можете да си го дозволите тоа. На работното место ситуацијата е многу добра и постои можност за напредување. Поради тоа не можете да си дозволите да земете одмор и да направите пауза. Денес е можен краток пат и средба со една личност со голем авторитет која многу ќе ви помогне во работата. Можна е и финансиска помош од негова страна. Ако имате браќа или сестри, денес е можно некој од нив да побара финансиска помош од вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top