Две ракети се истрелани утрово кон руски патнички авион со 200 патници додека летал над сириската територија, а причина за нападот, во кој никој од патниците и членовите не е повредени, се уште не е позната.
– Сириските претставници не информираа дека неидентификувани сили утрово истрелале две ракети од типот земја-воздух кои експлодирале во воздух, многу блиску до патничкиот авион во сопственост на една руска авиокомпанија. Пилотите на време успеале да свртат авионот, спасувајќи ги животите на патниците, изјави неименуван руски претставник.
Тој наведе дека авионот намерно бил избран, но се уште не се познати напаѓачите.
Авионот од едно египетско летувалиште летал за Москва, а инцидентот се уште не е официјално потврден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.