Министерот за здравство на Летонија, Гунтис Белевич, поднесе оставка на функцијата откако беше обвинет дека ја злоупотребил службената должност за да добие медицински третман без да чека ред.
– Ако си вмешан во нешто, треба да покажеш доблест и да бидеш маж за да си признаеш, изјави премиерот Марис Мучинскис откако ја прифати оставката. Весникот „Латвијас авизе“ објави минатата недела дека министерот бил опериран во летонскиот онколошки центар без да чека ред. Министерот тогаш тврдеше дека бил опериран во приватна клиника, а не во државниот центар. Белевич денеска призна дека користел бесплатни услуги и без да чека ред. Тој им се извини на пациентите, лекарите и сите кај кои неговото однесување предизвикало недоверба кон државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст