| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годината во Албанија ќе пристигнат уште 1900 муџахедини

edi rama

Од 2013 година, па досега, во Албанија пристигнале вкупно 1.001 муџхедин, а до крајот на годинава се очекува да пристигнат уште 1.900, наведува албанскиот премиер Еди Рама во писмениот одговор доставен до потпретседателот на парламентарната Комисија за национална безбедност, Фљамур Нока.

Во писмото, кое го објави опозициската Демократска партија, чиј член е Нока, кој инаку е поранешен министер за внатрешни работи, Рама оценува дека албанската Влада се ставила на страната на стратешкиот сојузник САД, за да помогне во итната евакуација на муџахедините од Ирак и нивно сместување во Албанија.

„Секој член на организацијата на Народни муџахедини на Иран (МЕК) пристигнат во Албанија има дозвола за престој и здраствен картон. До сега ниту еден од нив не аплицирал за албанско државјанство“, стои во писмениот одговор на премиерот Рама.

Во писмото уште се додава дека муџахедините во Албанија пристигнувале во помали групи, од 20 до 120 луѓе и тие моментно се сместеи во колективни станови во периферијата на Тирана. Веднаш по нивното пристигнување властите ги информираат тајната служба ШИШ и државната полиција, кои потоа редовно добиваат информации за секое нивно движење и евентуални измени на местото на престој во Албанија.

„Досега само еден од нив заминал за Франција, регистриран во системот и со издедна дозвола за заминување. МВР нема издадено патна исправа за ова лице. Сите членови на МЕК се интегрирани во албанската реалност, преку вработување и изучување на албанскиот јазик“, стои во писмениот одговор на прашањето на Нока упатено кон крајот на април.

Кога во Тирана, во средината на февруари годинава престојуваше американскиот државен секретар Џон Кери, албанските медуми пренесоа дека тој во Тирана дошол поради муџахедините. Агенцијата Балкан веб пренесе и изјава на висок функционер на американскиот Стејт департмент, кој соопшти дека во изминативе две години Албанија прифатила „илјада муџахедини и се согласила да прими уште две илјади“.

„Всушност САД и помогнаа на Албанија за да ја прифати оваа група, која и помогна на американската војска во текот на операциите на Блискиот Исток, во борбата против тероризмот. Оваа помош изнесува 20 милиони долари преку Високиот комесаријат на ОН за бегалци, (УНЦХР)“, изјави високиот американски функционер.

Според Балкан веб, тоа значи дека Албанија ќе ги згрижи сите муџахедини од кампот „Слобода“ во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top