| четврток, 6 декември 2018 |

Католичката црква дозволи сексуалнo насилствo врз деца

Католичката црква дозволила да се направат големи грешки, со тоа што дозволила илјадници деца да бидат силувани и измачувани од свештеници  – призна еден од највисоките советници на папата Франциско, aвстралискиот кардинал, Џорџ Пел.

Кардиналот ова го изјави во видеоконференциска врска од хотел во Рим пред Кралската комисија за институционалниот одговор на сексуалните злоупотребувања врз деца, која заседава во Сиднеј.

Во првите редови во салата во Сиднеј имаше дваесетина Австралијци, кои биле жртви на такви злоупотребувања.

Адвокатот Гејл Фарнис, кој ѝ помага на Комисијата му постави на кардиналот прашања за реакциите на Ватикан за скандалот, како и за активностите на Пел во Австралија, како одговор на жалбите за сексуални злоупотребувања.

„Не сум тука за да го заштитувам она што не се заштитува. Црквата дозволи огромни грешки и работи на тоа да ги поправи“, рече тој.

Инаку, кардиналот Пел е највисокиот претставник на Ватикан, кој дава докази во врска со скандалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top