Во младоста кожата може да се растегнува до 180% и да се врати во нормала, додека кожата на MИT може да се растегнува до 250% без да стане лабава или да се оштети. Секоја козметичка компанија на планетава има производ за којшто тврди дека ги намалува брчките на лицето и ги брише знаците на стареење, но истражувачите на Технолошкиот институт од Масачусетс креираа крема која создава нов слој невидлива вештачка кожа со цел да се измазни површината на лицето.
Истражувачите од Институтот и од Универзитетот Харвард го развиле целиот процес, а компанијата за биотехнологија Ливинг пруф ја произвела кремата. Кремата се вика XPL и се нанесува многу едноставно, а слојот што ќе се формира не се мие и не се кине. Може да трае до 24 часа.
Примената на оваа крема е многу поширока. Освен за прикривање на брчките, може во неа да се додадат лекарства кои постепено ќе се испуштаат во кожата, особено кога станува збор за отворени рани. Освен тоа, материјалот од кој е направена XLP помага да се задржи влажноста на кожата. Просечниот корисник, особено тие кои со години бараат решение за неуморните брчки, веројатно ќе бидат највозбудени поради потенцијалната употреба на кремата за затегнување на кожата и подмладување.
Во цутот на младоста кожата може да се растегнува до 180% и повторно да се врати во нормала, додека кожата на MИT може да се растегнува до 250% без да стане лабава или да се оштети. Со тек на време човечката кожа ја губи еластичноста, поради што се појавуваат брчките под очите, но тестовите со XLP покажале дека оваа вештачка кожа може да речиси целосно да ги прикрие тие „вреќички“ под очите.
Нема најава кога кремата ќе се најде на полиците. Компанијата креирала посебен огранок, Оливо лабораторис, за развој и тестирање на технологијата XLP и планираат и понатаму да работат на нејзино подобрување.
Погледнете го следното видео и веруваме дека со нетрпение ќе очекувате да го купите овој неверојатен производ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст