| четврток, 6 декември 2018 |

Страв ми е, не доаѓам: Елена Велевска го откажа настапот во Турција

elena velevska

Елена Велевска го откажа настапот во Турција. Причина за тоа се терористичките напади кои се почесто се случуваат во тој регион, па поради тоа фолкерката решила да ја презакаже журката за во некое постабилно време.

„Почитувани, поради терористичките напади во Турција, концертот во Измир на 16.06 е повторно откажан. Се гледаме во некое постабилно време. Ве сака вашата Елена Велевска”, напиша фолкерката на Фејсбук.

Дека е разочарана што нема да се дружи со тамошната публика, потврдува и самата таа, но вели дека сигурноста и е на прво место и поради тоа решила да преземе ваков чекор.

Ова е втор пат да го откажам настапот во Измир. Желбата е голема за да заминам таму и да се дружам со мојата турска публика, но што е, тука е, сигурноста ми е на прво место”, појасни Велевска која неодамна гостуваше во соседна Србија каде преговараше и за потпишување на договор со Гранд продукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top