| четврток, 6 декември 2018 |

Белград да се извини за воените злосторства во Косово

nikolic jahjaga

Поранешната косовска претседателка Атифете Јахјага го повика Белград да и се извини на Приштина за воените злостроства извршени од страна на српските сили за време на конфликтот во Косово, јави приптинскиот весник „Епока е ре”.

– Очекувам во рамки на започнатиот дијалог меѓу Белград и Приштина, да бидат признати нехуманото однесување и сексуалното насиство врз невини луѓе извршени за оставрување на поплитички цели, рече Јахјага.

Во обраќањето на глобална средба за положбата на жените. што се одржува во Варшава, Јахјага нагласи дека при извинувањето за извршените злосоторства, посебно треба да се потенцира сексуалното насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top