| четврток, 6 декември 2018 |

Паровите заедно се здебелуваат, но и заедно слабеат

вљубени

Ново истражување покажува дека вљубените се дебелеат во просек 1,8 килограми годишно, бидејќи ги заменуваат салатите и диеталните јадења со месо и вино, пишува Дејли мејл.

Повеќе од половина парови кои се вклучени во истражувањето изјавиле дека имаат зголемување во тежината, по третата година од односите, во т.н. „зона на удобност“.

Научниците пресметале дека просечно паровите се здебелуваат со 1,8 килограми годишно, а на 62% од нив истовремено им се зголемуваат мастите. Анкетата покажува дека дамите имаат значително влијание врз качувањето на тежината на двојката.

Резултатите од британска диететска компанија, која истражувала 1.000 парови, покажуваат дека повеќето од партнерите кои заедно се здебелиле, се обиделе и заедно да ослабат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top