| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичниот суд ги одби мерките за претпазливост за Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Тони Трајковски

gruevski krivicen 2

Судот ги одби мерките за претпазливост за Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Тони Трајковски како неосновани. По денешниот распит, судот предмалку донесе решение дека нема да се применат никакви мерки за првите тројца осомничени за случајот ТНТ.

Бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам дали некој верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, но тоа ниту ќе го сторам, ниту е вистина, ниту ќе му ја исполнам неговата желба. Свесен е за својот политички рејтинг, свесен е дека изборите наближуваат и преку контролата што ја има врз луѓето во СЈО се обидува да ги изрелативизира работите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во судот и мене и моите соработници да нè прикаже слични како него, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по распитot кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Тој додаде дека постојано има обиди на оние кои се свесни за сопствениот слаб политички рејтинг да прават апсурдни ситуации за да дојдат до власт.

Меѓу другото, и преку начин на којшто постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини. Тоа нема да му помогне. Тој тоа ќе го види на денот на изборите, вечерта на изборите, мислам дека ќе го осети и претходно и ќе осети дека оди во погрешна насока затоа што работите на изборите не одат на тој начин.

Груевски истакна дека изборите се добиваат со посветеност, со одговорност, со чесно работење, а не со апсурдни чекори, со манипулации, со лаги, со невистини, со шпекулации или со слични работи со коишто нашиот и мојот политички опонент се занимава во сиот изминат период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top