| четврток, 6 декември 2018 |

Жив изгоре издавачот на грчкиот весник „Акрополис“

Издавачот на грчкиот крајнодесничарски весник „Акрополис“, Панајотис Маврикос, под сè уште неразјаснети околности жив изгоре во својот автомобил.
kola-grcki-novinar
Инцидентот се случил на обиколница кај Атина, откако неговиот џип „порше кајен“, од непознати причини се запалил во движење, информираат електронските весници во Атина.

Издавачот е меѓу обвинетите во кривично-правниот случај „новинари рекетари“. Во февруари тој беше уапсен, но веднаш потоа и ослободен.

Властите тогаш информираа дека група новинари формирале криминална група и неколку години од повеќе државни службеници од јавните претпријатија со изнуда добивале пари за реклами.

Полицијата работи на сите верзии од инцидентот, а не ја исклучува и можноста за намерно палење или поставена бомба.
kola-grcki2-novinar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top