| четврток, 6 декември 2018 |

Првенството не започнало, а Шпанците го зацрнија: Де Геа подведувал Иско силувал

de gea
Удар за Шпанија уште пред да започне Европското првенство, Давид де Геа е обвинет за посредник при силување на девојка од страна на други фудбалери.

Шпанската репрезентација се подготвува за стартот на Европското првенство и дуелот против Чешка во понеделник, но медиумите од оваа земја денеска лансираа сериозна „бомба“ која ќе влијае на атмосферата во селекцијата.

Информациите од Шпанија велат дека заштитен сведок пред шпанскиот суд дал исказ обвинувајќи ги Давид де Геа, Икер Мунијаин од Атлетик Билбао и уште еден неименуван фудбалер за кој се претпоставува дека е Иско обвинувајќи ги за силување.

Де Геа не учествувал во чинот но тој бил организаторот. Голманот на шпанската репрезентација со помош на шпанскиот порно гуру Фернандез Аленде ги снабдил Муниjаин и Иско со девојка, која била принудена на секс.

Се појавија информации дека Де Геа вчера бил вратен во Шпанија, но ваквите написи брзо беа демантирани, сепак нејасно е дали тој ќе биде стартер на натпреварот во понеделник против Чешка.

Едно е сигурно, ваквите обвинувања ја нарушуваат атмосферата во шпанската репрезентација пред почетокот на Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top