| четврток, 6 декември 2018 |

Ова сигурно не сте го знаеле: Весела историја на европските првенства

Дали сте знаеле: Дваесет интересни факти пред ЕВРО 2016

1. Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо можат да станат првите играчи кои постигнале голови на четири различни европски шампионати. Тие беа стрелци за своите селекции во 2004, 2008 и во 2012 и засега со голови на по три ЕП се рамо до рамо со Јирген Клинсман, Владимир Шмицер, Тјери Анри, Нуњо Гомеш и со Хелдер Постига.

Former Manchester United winger Cristiano Ronaldo who launched his CR7 underwear range at the Spanish capitalÕs Palacio de Cibeles. Cristiano Ronaldo launched his debut underwear range, CR7 by Cristiano Ronaldo, at Madrid's famous landmark, Palacio de Cibeles.  Ronaldo revealed a 19 meter tall campaign image featuring him modelling product from his collection.   CR7 by Cristiano Ronaldo is the first solo brand venture for the sportsman, who has collaborated with brands and had endorsement deals but never before launched his own product.  Ronaldo said, Fashion and design are two passions of mine and I have wanted to launch my own brand for a long time. Working on this collection has given me a great creative outlet and I have loved every part of collaborating on the range, from selecting the colours and designs to testing the styles and fits myself. I am very proud that the collection is launching worldwide. The collection will be available worldwide from 1st November from www.cr7underwear.com and select retailers.

2. Почнувајќи од ЕВРО 1984, УЕФА го укина „малото финале“, па третото место го делат двете поразени селекции од полуфиналните натпревари.

3. На ниту еден фудбалер досега не му успеало да постигне четири гола на натпревар од едно Европско првенство. Мишел Платини е единствениот со два хет-трика на еден шампионат (1984), а покрај него по три гола на меч од ЕП постигнале уште и Дитер Милер, Клаус Алофс, Марко ван Бастен, Патрик Клајверт, Серџо Консеисао и Давид Вилја.

4. Висенте дел Боске е единствениот тренер кој во својата кариера освои Европско првенство (2012), Светско првенство (2010), а на клупски план бил и европски првак (2000 и 2002).

vinsente del boske

5. Холандија е единствената земја што во иста година била европски првак на клупски и на репрезентативен план. „Лалињата“ во 1988 славеа на шампионатот во Германија, додека ПСВ во финалето од Купот на Европските Шампиони ја совлада Бенфика.

6. Речиси сите досегашни европски шампиони имале на клупата „домашни селектори“. Исклучок е само Грција, која во 2004 година се искачи на тронот на Европа со Германецот Ото Рехагел како селектор.

oto rehagel

7. Чехословачка стана шампион во 1976 година, а по распадот на оваа држава титулата се „пренесе“ на Чешка. Сепак, малкумина знаат дека осум од единаесетте стартери на Чехословачка во финалето доаѓаа од Словачка, а само три од Чешка.

8. Најголемото изненадување во квалификациите за едно Европско првенство го има направено селекцијата на Луксембург, која во 1964 ја елиминираше Холандија со вкупен резултат 3-2, иако двете средби се играа на холандско тло (Амстердам и Ротердам). Луксембург потоа во последната нокаут фаза од квалификациите два пати ремизираше со Данска, за во плејоф натпревар во Амстердам да загуби со 0-1 и да остане без пласман на едно Европско првенство.

9. Трофејот што се доделува на победникот го носи името „Анри Делонеј“. Овој пехар е во трајна сопственост на УЕФА, а европските шампиони имаат право на копија што 80% ќе наликува на оригиналниот пехар. Само доколку една репрезентација триумфира на три ЕП во низа, ќе може да добие копија што целосно ќе наликува на оригиналот. Шпанците триумфираа во 2008 и во 2012, па со евентуална победа во Франција би биле првата земја што би добила ваков пехар.

10. До ЕП 1976 на овие шампионати учествуваа само по четири селекции, кои минуваа неколку квалификациски рунди. Од 1980 бројот на учесници се зголеми на осум, од 1996 дел од ЕП беа по 16 селекции, а претстојното првенство во Франција е првото на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.

11. Фернандо Торес е единствениот фудбалер кој бил стрелец на две финалиња од европските шампионати (2008 и 2012).

fernando tores

12. Домашниот терен во последно време не е значаен фактор на европските шампионати. Само три од последните осум домаќини, од 1996 година до ова ЕП ја минале групната фаза, Англија во 1996, Холандија во 2000 и Португалија во 2004 година. Ко-домаќините на последните два шампионати, Австрија и Швајцарија во 2008 и Полска и Украина во 2012 година, беа елиминирани уште во групната фаза.

13. Селекцијата на Франција со 14 гола на ЕВРО 1984 се уште е рекордер по бројот на постигнати погодоци на едно Европско првенство.

14. Шпанија е рекордер по низата без пораз на натпревари од европските шампионати. „Црвената фурија“ не знае за неуспех на последните 12 средби на ЕП (девет победи и три реми), откако загуби со 1-0 од Португалија во третото коло од групната фаза на ЕП 2008.

15. Икер Касилјас ќе стане првиот играч што настапувал на пет европски шампионати, откако искусниот голман беше дел од шпанскиот состав уште на ЕВРО 2000.

kkasiljas

16. Џетро Вилемс од Холандија е најмладиот фудбалер што настапил на меч од европските шампионати, влегувајќи во игра против Данска на возраст од 18 години и 71 ден. Најмлад стрелец е Швајцарецот Јохан Вонлантен, кој постигна гол на дуелот со Франција на возраст од 18 години и 141 ден.

17. Само тројца фудбалери можат да се пофалат дека постигнале по два гола на едно финале од ЕП. Тројцата се Германци, Герд Милер во 1972 против СССР, Хорст Хрубеш во 1980 против Белгија и Оливер Бироф во 1996 против Чешка.

18. Ларс Лагербак ќе стане првиот селектор што ќе води репрезентација на четири Европски првенства. На првите три тој беше предводник на Чешка, а сега е ко-селектор во репрезентацијата на Исланд.

19. Среќко Катанец е најмладиот селектор на едно ЕП, тој ја водеше Словенија на ЕВРО 2000 на возраст од 36 години и 333 дена. Највозрасниот селектор на ЕП е Џовани Трапатони, кој на претходното Европско првенство беше на чело на Република Ирска, на возраст од 73 години и 93 дена на последниот меч на Ирците на овој шампионат.

srecko katanec

20. Берти Фогтс е единствениот што може да се пофали дека стигнал до титулата европски шампион и како играч и како тренер. Доколку Франција стигне до титулата, друштво на Германецот во иднина ќе му прави Дидие Дешамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top