Утрешниот натпревар помеѓу Албанија и Швајцарија ќе биде посебно зачинет со братската битка помеѓу Талант и Гранит Џака.
На теренот ќе се појават браќата Џака кои одбраа да го носат дресот на различни држави.
Новото засилување на Арсенал, Гранит Џака, има 41 настап за Швајцарија и е една од клучните фигури во тимот на оваа земја, додека неговиот постар брат Талант настапува за Албанија.
Нивните родители потекнуваат од Албанија, а се преселиле во Базел кратко пред да се роди Талант и до денес живеат во Швајцарија.
Двајцата браќа ги поминуваат младинските селекции на Швајцарија, но за разлика од Џака, Талант одлучува да го облече сениорскиот дрес на Албанија. Па утре браќата ќе се борат за победа на различна земја.
Овој случај не е единствен во светот на фудбалот, има и други браќа кои настапуваат за различни земји.
Џером и Кевин Принц Боатенг (Германија и Гана)
Џером и Кевин Принц се полубраќа кои се сретнаа два пати пред нивниот настап на Светското првенство каде испишаа историја, станаа првите браќа кои играле еден против друг на мундијалите.
Рафиња и Тиjаго Алкантара (Бразил и Шпанија)
Синовите на освојувачот на Светското првенство, Мазињо настапуваат за различни земји. Помалиот брат Рафиња одбира да игра за Бразил исто како и неговиот татко, додека Тиjаго настапува за Шпанија, земјата каде што живее од пет години.
Пол, Флорентин и Матиjас Погба (Франција и Гвинеја)
Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба го носи дресот на Франција, која е главниот фаворит за освојување на Европското првенство, додека неговите браќа Флорентин и Матиjас одбираат да настапуваат за Гвинеја, земјата во која е роден нивниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.