Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, во изјава за „Република“ вели дека покрај главните фаворити на ЕП 2016, Франција, Германија и Шпанија, изненадување може да приреди репрезентацијата на Белгија:
„Според мене, фаворит за титулата на ова Европско првенство е токму домаќинот Франција. Статистиката не мора да игра никаква улога, но понекогаш е многу важна. Репрезентацијата на Франција на последните два големи фудбалски настани, Светското првенство во 1998 година и две години подоцна на Европскиот шампионат, ја освои титулата. Селекторот Дидие Дешамп создаде вистински колектив. Се откажа од неколку светски ѕвезди во составот, но создаде екипа која може да игра против секого. Според мене, Пол Погба ќе биде вистинска ѕвезда на првенството и ќе докаже дека е играч од светски калибар. Репрезентација што може да приреди изненадување и да го освои Европското првенство е Белгија, а кругот на фаворити го затвораат актуелните европски и светски шампиони – репрезентациите на Шпанија и на Германија”, вели селекторот Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.