| четврток, 6 декември 2018 |

Работник падна од скеле, тешка греда падна врз него

Педесет и шестгодишниот Д.И. од село Зрновци, кочанско, вчера при вршење градежни работи на објект во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид паднал од скеле во висина од 1.80 м, а врз него паднала греда. Повредениот околу 16 часот бил донесен во болницата.

МВР информира дека на повредениот веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде што доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска.

Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top