| четврток, 6 декември 2018 |

Раца не се откажува од ветераните, Чековски, Мираковски и Мекејлеб се враќаат во репрезентацијата?!

Pece-Naumovski-sport191-4

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца има намера во составот за квалификациите за следното Европско првенство да ги има и ветераните Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски и Лестер Бо Мекејлеб.

Иако веќе се во поодминати години, Мираковски и Чековски одиграа феноменална сезона и беа можеби најдобрите македонски кошаркари во домашниот шампионат.

Затоа селектор Раца веќе ги контактирал сите играчи на кои смета, а меѓу нив е секако и Перо Антиќ.

Оваа информација денеска ја презентира претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, на прес-конференцијата на која даде отчет за едногодишниот период минат во Куќата на кошарката. Тој потенцира дека единствен играч за кого во моментов со сигурност може да се каже дека нема да игра на средбите со Велика Британија, Луксембург и со Унгарија е центарот Предраг Самарџиски.

– Селекторот контактира апсолутно со сите играчи кои му се на располагање, а меѓу нив се и Чековски, Мираковски, Мекејлеб, па и Перо Антиќ. Од сите со кои беше разговарано, само Самарџиски откажа и тоа поради здравствени проблеми – изјави Наумоски.

antic-mekejleb

На средбата со новинарите, популарниот Пеце објасни зошто во Кина ќе настапиме со комбинирана селекција во која ќе има седум млади домашни кошаркари како и четворица Американци и српскиот интернационалец Ратко Варда.

– Целта не ни беше да носиме странци, туку да им дадеме шанса на нашите млади играчи за да го покажат својот квалитет пред селекторот. Но, по откажувањето на голем дел од репрезентативците, поради повреди или лични проблеми, не можевме да го откажеме гостувањето во Кина бидејќи тоа ќе донесеше големи последици за нашата федерација. Сакавме да направиме некој компетитивен тим и затоа се тука тие странци – дополни Наумоски.

Денеска беа објавени и имињата на четворицата американски кошаркари, кои ќе играат за Македонија на турнирите во Кина. Тоа се Хавиер Тимс, Џефри Њубери, Дајрел Хауард и Џовани Де Вудс. Меѓу нив требало да се најде и 213-сантиметри високиот Тод О’Брајан, кој во својата кариера претежно играл за екипи од Франција и од Полска, а кој е прв пик на МКФ за местото за натурализиран кошаркар во националниот тим на претстојните официјални средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top