| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен маж лежи на булевар „Србија“ во скопски Аеродром (вознемирувачко фото)

zgazen pesak novo lisice

Загина пешак во сообраќајна несреќа, која пред малку се случи во населбата Ново Лисиче. Според првичните информации, камион со скопски регистарски таблички удрил во пешакот на булевар „Србија“ во наслебата Ново Лисиче.

Товарнотот возило најверојатно го удрило човекот што го минувал булеварот кај пешачкиот премин меѓу двете бензински станици на самиот булевар и во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче.

Полицијата веднаш пристигнала на местото и се врши увид. Сообраќајот на ова место е во застој и се одвива отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top