| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме наредната недела

ulica centar

Денес е петок, 10 јуни 2016 година, 162. ден во годината. Сонцето изгреа во 4.53, а ќе зајде во 20.11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути. Ова утро во поголемиот дел од Македонија времето е умерено облачно време со сончеви периоди, а само во еден дел од северните и во западните предели е претежно сончево.

Скопје – Во Скопје в петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 26 степени.

Македонија 5 дена – Во Македонија во сабота се очекува преодна стабилизација на времето, а ќе биде претежно сончево и топло со локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 22 до 32 степени. Претежно сончево со локална облачност во најголем дел од Македонија ќе биде и во недела, само во крајните северозападни, западни и североисточни предели ќе има услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 21 до 31 степен.

Во понеделник и вторник не очекува нова дестабилизација на времето кога Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација, и продор на постуден воздух кој ќе услови и пад на дневните температури. Во понеделник максималните температури од 17 до 27 степени, а во вторник тие ќе се движат во интервал од 18 до 28 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top