| четврток, 6 декември 2018 |

Нов плоштад ќе се гради спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“

plostad taftalidje

Општина Карпош најави дека планира изградба на нов плоштад кој ќе го носи името „Пецо Божиновски – Кочо“ и ќе се наоѓа спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе. На местото на постојниот парк, според планот, треба да се изгради фонтана, пешачки патеки и да се постави нова урбана опрема.

Општината веќе подготвила средства за реализација на проектот во висина од речиси 25 милиони денари. Според договорот кој треба да биде склучен со компанијата „Лутарико“, плоштадот се очекува да биде завршен за околу 12 месеци. Од Општината најавуваат реализација на слични, веќе подготвени проекти на неколку локации. Познато е дека се зборуваше за плоштадот во Жданец, но сѐ уште нема ништо од почеток на градежни работи на тоа место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top