| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирани грчките пристаништа

Тринаесет илјади патници од седум бродови крстосувачи, што утре се очекува да пристигнат на пристаништето Пиреја, ќе наидат на сериозни проблеми поради продолжените штрајкови на пристанишните работници, кои протестираат против приватизацијата на двете најголеми пристаништа во земјата во Пиреја и во Солун, информира весникот „Имерисија“.

Пречки се очекува да се појават и при товарањето и растоварањето на багажот на патниците од крстосувачите, при нивното полнење со гориво и при префрлање на контејнерите од нив.

Синдикалните здруженија на пристанишните работници вчера одлучија да ги продолжат штрајковите. На нивните протести се противат претставниците на бродските компании, кои предупредуваат на сериозни последици од овие штрајкови за туризмот и грчката економија.

Официјална Атина приватизацијата на пристаништата им ја вети на меѓународните кредитори во замена за очајно потребните спасувачки заеми.

Стравувајќи од кастрења на работните места, пристанишните работници од пред две недели почнаа континуирани штрајкови и изјавија дека нема да се вратат на работа сè додека не бидат разгледани нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top