| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиство во центарот на Белград – отишол на стрелиште и си пукал во главата

samoubistvo belgrad

41-годишниот Милош Т. од Белград вчера изврши самоубиство во центарот на градот. Тој си пукал во главата, по што починал на лице место. Несреќата се случила во 16 часот кога несреќниот маж бил на стрелиште.

– Милош ретко доаѓаше овде, пукаше од својот пиштол кога и да дојдеше. Ништо не укажуваше дека ќе се случи трагедија, меѓутоа откако дојде заврши една серија, застана, а тогаш го стави пиштолот на глава и се разнесе, вели сведок.

Како што пишува српски Курир, никој од станарите не забележал што се случува.

– Во стрелиштето во близина постојано се пука, не ни забележавме дека некој си вперил пиштол и се убил, велат тие. Дури кога дошле полициските возила и Брзата помош сфатиле за што станува збор.

Итната помош дошла веднаш, но можеле само да констатираат смрт. Засега не се знае мотивот за самоубиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top