| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши наставата за 270.000 ученици

skolo ucenici

За околу 270.000 ученици (187 илјади во основното и 81 илјада во средното образование) денеска е последниот ден од наставата во учебната 2015/2016 година и по летниот распуст ќе се вратат во училишните клупи на 1 септември.

Учениците деновиве имаат екстерно тестирање по два предмета, од кое резултатите се очекуваат на 17 јуни. На 13 јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29 јуни.

Матурантите, пак, овој месец ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура од која им зависи запишувањето на факултет во август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top