Работата на стриптизерките и проститутките не се разликува од работа во кафуле, проституцијата сама по себе не е штетна и студентите треба да поддржуваат во тоа, тврдат професорките Трејси Сагар и Деби Џоунс.
Секој петти студент работи во секс индустријата, покажа три годишното истражување спроведено на 6.773 студенти во Велика Британија, а еден од 20 се проституира да плати за трошоците на школувањето и студентскиот живот.
Трејси Сагар смета дека студентките кои пружаат сексуални услуги, не треба да бидат жигосани.
-Па која е разликата меѓу сексуално експлицитна работа пред веб камера и работа во кафуле?“, се прашува таа на Научниот фестивал во Челтенам и ја шокира нацијата, која оваа нејзина изјава ја сфати како неверојатно неодговорна и глупа.
-Прашање е дали ги искористуваат додека го прават тоа, дали работата психички или физички ги исцрпува, дали доаѓаат на време на предавања, објаснува професорката Сагар.
На прашањето дали заработувањето од секс пред веб камери ќе стане дел од студентскиот живот, професорката Сагар вели: „Погледнете ги фактите, 22 проценти веќе го работат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст