| четврток, 6 декември 2018 |

Нова дестинација за летово: Туристите ќе можат да уживаат во нов рај во Македонија

plaza dojran

Во дојранското село Николиќ, по долгогодишна пауза, се создаваат неопходни услови летово да се врати туризмот и тоа на најубавата плажа на дојранското крајбрежје која се гради на потегот од селото до границата со Грција, изјави градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

Плажата во Николиќ, според најавите од Стамов, наскоро ќе биде достапна за сите туристи, а се уредува во рамки на проект кој е дел од општинската стратегија за развој на туризмот вдолж целото крајбрежје.

– Почнавме од селото Николиќ како нова туристичка понуда заради неговата питомост и местоположба. Плажата со должина од сто метри моментно ќе биде најубава на Дојранско Езеро ова лето. Нејзиното уредување чини 6,3 милиони денари кои се обезбедени преку Бирото за развој на југоисточниот плански регион – рече Стамов.

Од Општината најавија дека во иднина ќе се урбанизира и просторот околу плажата со цел да се направи современ автокамп. Пред повеќе од триесет години, кога водата почна да се повлекува, на овој простор се наоѓаше тогаш познатиот автокамп „Ачикот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top