| четврток, 6 декември 2018 |

И годинава спектакл на „Пивофест“: Еве кој сѐ ќе настапува

pivofest prilep

Освен балканската ѕвезда Аца Лукас, кој и официјално го потврди својот настап, на овогодишниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп ќе настапи и Каролина Гочева, познатата ска-панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, „Куку леле“, Александра Радовиќ…

Овогодишниот „Пивофест“ ќе трае од 14 до 17 јули. Организаторите сѐ уште ја немаат откриено целосната програма за фестивалот, но ветуваат огромни изненадувања и, пред сѐ, добра забава за сите посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top