| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со два и пол пати поголем рејтинг од лидерот на СДСМ, Зоран Заев

 

ps10-chart-38

Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  20,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека најмногу му веруваат на Никола Груевски, а само 10,2 имаат доверба во Зоран Заев, во анкетата што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, за потребите на „Република“.

10-chart-38

Кај македонските испитаници таа разлика е уште поголема. 30,8 отсто му веруваат на Груевски, а само 12,1 отсто му веруваат на Заев.

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде што освен македонското гласачко тело предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top