
Двајца функционери во Европската комисија се истепаа за време на фусдбалски натпревар. Дошла полиција, а едниот од нив завршил и во болница со контузија на главата.
До судирот дошло меѓу играчи од секторот за организација и играчи од секторот за администрација на турнирот „Шуманов трофеј“, кој го организира ЕК веќе 20 години и на кој учествуваат тимови од секој директорат.
Тепачката се случила кога еден од играчите добил црвен картон поради агресивно однесување, преенсува РТС.
-Видов дека има проблем, дека играчите се кошкаат – вели Марко Пинкароне, капитен на секторот за истражување и развој.
-Почнаа да се туркаат и како што минуваше времето, така стануваше сè понапнато, додека едниот од нив не заврши на подот. Натпреварот беше прекинат кога забележаа дека едниот играч е повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


