| четврток, 6 декември 2018 |

Терористи пукале низ Тел Авив: Нападнат најголемиот трговски центар во Израел

israel

Во Тел Авив вчера имало пукање во кое тешко биле ранети шест лица, додека три биле убиени, јавија светските медиумите повикувајќи се на информации од израелската полиција.

Терористичкиот напад се случил во трговскиот центар „Шарон“, а според зборовите на портпаролот на полицијата, подрачјето веднаш било евакуирано. Медиумите шпекулираат дека нападот го извеле „ортодоксните Евреи“.

Полицијата соопштила дека двајца напаѓачи се членови на исто семејство од палестинското село Јата, во близна на Хеброн на Западниот брег, кое било жариште на насилства во текот на неодамнешниот бран немири, наведува АП.

Инаку „Шарон“ е најголем затворен трговски центар во земјата, отворен за посетители бил пред помалку од една година. Се наоѓа во поширокиот центар на градот. На социјалните мрежи брзо по нападот се појавила и снимка на која полицаец убива еден од напаѓачите. На снимката се гледа полицаец со вперен пиштол, кој ладнокрвно оди на улицата и пука во напаѓачите, кои не се гледаат на снимката. По неколку истрелани куршуми полицаецот престанува да пука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top