| четврток, 6 декември 2018 |

Државата во сигурни раце: Мнозинството граѓани на Македонија ѝ веруваат на владејачката партија

gdom-sobranie-640x377

Македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата, покажуваат резултатите на анкетата на „Брима галуп“, спорведена на барање на „Република“, во периодот од 5 до 12 мај.

upravuva so drzavata

Тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето, генерално, е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии.

На прашањето кој подобро би управувал со државата, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, дури 41,5 процент од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а за опозиционата СДСМ само 17,5 проценти.uprvuva so drzavata

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top