| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо митинзи непосредни средби со граѓаните: Довербата се стекнува на терен

gruevski2

Речиси три пати повеќе, односно 33,1 отсто од сите испитаници се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во нивната средина за да ја добие поддршката од населението, а само 12,2% сметаат дека тоа е СДСМ. Кај македонските испитаници таа разлика е тројно поголема – 48,8 се изјасниле за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,5 проценти за СДСМ, покажуваат резултатите на анкетата на „Брима галуп“, спорведена на барање на „Република“, во периодот од 5 до 12 мај.

Тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето, генерално, е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии.

poaktvna partija vmro

На прашањето која политичка партија е поактивна во вашата средина за да ја добие вашата поддршка, македонските гласачи потврдуваат дека меѓу народот се поприсутни и ги слушаат неговите проблеми и сугестии членовите на владејачката партија.

ps3-chart83b

poaktivna partija

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top