Александар Маринковиќ (20) од Алексинац, Србија, кој е обвинет дека со 22 убоди со „рамбо“ нож на 10. јануари оваа година го избодел својот татко Срѓан Маринковиќ (43), на судењето се бранел дека злочинот го направил бидејќи татко му го терал орално да го задоволи.
Убиството поради кое на момчето му се заканува затворска казна од 40 години се случило во семејната куќа во селото Глоговиц, откако таткото и синот се вратиле од една прослава.
– Кога си дојдов, беше буден, стана и почна да ме тепа. Ги соблече боксериците, ме фати за глава и ме повлече кон својот полов орган. Рече: „тој те направи, него и ќе го бакнуваш“. Ми ја влечеше главата кон половиот орган и викаше: „П**и го, друго и не знаеш да правиш“. Кога го почувствував, ми се згади животот. Се во мене се преврте. Осетив бес и гнев, изјавил Маринковиќ.
Тој рекол дека во еден момент татко му ги облекол боксерките и тргнал надвор до тоалет. Му рекол „нигде да не мрда“. Се сеќава дека го убодел два пати со ножот и повеќе од таа вечер ништо не памети. Тој тврди дека татко му и пред тоа го терал орално да го задоволува, но некако успевал да се одбрани.
Александар сведочел и дека Срѓан многу го тепал во детството зборувајќи му дека не е негов син, а на помалиот брат му пуштал порно филмови, иако бил дете. Неговата сестра Сандра, која по разводот останала да живее со таткото, сведочела дека во една прилика таткото и се вовлекол во креветот пијан, по што се преселила кај нејзината мајка каде веќе биле нејзините браќа.
Судењето е прекинато поради дојава за бомба и ќе продолжи на 15. јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст