| четврток, 6 декември 2018 |

Познат скопски уличен музичар го силувал 7-годишното девојче од Охрид!?

Грозоморниот настан се случил завчера додека детето се враќало од училиште по ул. „Св. Климент Охридски“, во стариот дел на Охрид.

силување

– Старецот го повикал девојчето и извршил полови дејствија врз него. 32- годишната мајка го пријавила настанот во полициската станица во Охрид. Неофицијално, лицето од Скопје е уличен музичар познат на јавноста, објави „Канал 5“.

Основното јавно обвинителство во Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против сторителот за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот го сторил делото на 6 јуни во центарот на градот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител од Основниот суд – Охрид поднесе предлог за определување притвор за осомниченото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top