Во Германската Амбасада во Скопје, претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети оствари средба со Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл.
Ахмети и Хајндл разменија мислења за последните политички случувања во Македонија и начините за надминување на преостанатите предизвици.
Лидерот на ДУИ Ахмети ги образложи постојаните чекори на Демократската Унија за Интеграција за надминување на политичката криза.
Ахмети смета дека целосното повлекување на аболицијата од страна на г.Иванов овозможува дијалог за составување и одобрување на приоритетните реформи.
Политичките партии треба да се ангажираат за усвојување на законите и исполнување на условите за одржување на парламентарните избори како и да ја поддржат Државната Изборна Комисија и Специјалното Обвинителство да ја вршат својата работа утврдена со закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст