| четврток, 6 декември 2018 |

Деактивиран пакет со експлозив пред Европската агенција за безбедност на храната во Италија

efsa

Во седиштето на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) во италијанскиот град Парма денеска пристигнал пакет со експлозив, кој бил активиран од специјална полициска екипа, соопшти локалната полиција.

Italian-police-car-c-Roma-REX-Shutterstock-615x346

– Вработен во одделот за пошта при ЕФСА се јавил во полиција откако забележал пакет со големина на книга, адресиран до лице кое било вработено во таа Агенција но веќе не работи таму, изјави портпарол на полицијата во Парма.
Двата ката од седиштето на ЕФСА биле времено евакуирани додека полицијата ја деактивирала бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top