По неколку седмици неизвесност и тензии, Врховниот апелациски суд неделава ја донесе клучната одлука со која се подготвува сцената за можен потрес во турската политика, и која може да му застане на патот на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Судот и даде зелено светло за Партијата на националистичка акција (МХП) да спроведе конгрес кои го бараат дисиденти внатре во партијата, а кои сакаат да ја реформираат формацијата чие ослабување во последниве години директно му оди во прилог на Ердоган. Водач на дисидентите е Мерал Акшенер, редок пример за жена со таков авторитет на турската полтичка сцена, чиј успех сега може да го промени не само курсот на МХП, туку и на Турција.
МХП, во моментов најмалата партија во парламентот, традиционално е влијателна сила во турската политика, иако никогаш не го надминала прагот од 20 проценти на избори, дури и во деновите на нејзиниот најпознат лидер Алпарслан Тјуркеш, воен офицер и водечка фигура од превратот во 1960 година, кој управуваше со партијата до неговата смрт во 1997 година.
Тјуркеш беше наследен од Девлет Бахчели, лидер титулар и предмет на напади на проблематичните во партијата. По неговото изборно деби како партиски претседател во 1999 година, Бахчели се приклучи кон трипартитната коалиција предводена од левоцентристичката Демократска лева партија на тогашниот премиер Булент Еџевит. Тоа необврзувачко партнерство успеа да протурка серија забележливи, дури и револуционерни иницијативи за Турција, вклучувајќи и големи уставни промени. Уште повпечатливо е што МХП се надмина самата себе и го одобри спречувањето на смрната казна на Абдула Оџалан – лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) – а исто така и правосудни реформи кои ги олабавија ограничувањата за користењето на курдскиот јазик. исправајќи се пред политички ризици, Бахчели ги мотивираше мерките за долгорочни интереси за државата. Се смета дека неговиот придонес за повлекувањето на на младите националисти од улиците по повеќе години крвави судири помеѓу леви и десни.
Заедно со политичкиот кураж, всушност Бахчели е веројатно најдобро запомнат по тоа што на два пати предизвика предвремени избори кои го променија курсот на Турција.
Во 2002, кога Партијата на правдата и развојот (АКП) се уште растеше, тој повика на предвремени избори тврдејќи дека има планови за нов устав без МХП. Изненадувачкиот повик го одбележа крајот на коалициското управување на Еџевит точно кога започна преживувањето на бурниот период, одбележан од разурнувачкиот земјотрес во 1999, во индустриското срце на Турција и од тешката економска криза. Горчивите болни чекори, кои му се припишуваат на Кемал Дервиш, кој беше доведен од Светска банка да ја спаси економијата, ја намалија инфлацијата на половина од тогашните 70 отсто, и го стабилизираа банкарскиот сектор. Редовните избори требаше да се организираат дури по година и половина, а гласачите се уште претстоеше да ги почувствуваат позитивните ефекти од мерките за еономијата. (Покрај ова, важно е што МХП сакаше подоцна да ја искористи програмата на Дервиш за да ја намали инфлацијата на едноцифрена вредност, и да го засили економскиот раст).
Турција излезе на избори во ноември 2002 година, на кои и трите коалициски партнери не го минаат 10-процентниот изборен праг. Нововозникнатата АКП доби мнозинство и трна на долгиот пат на чело на власта.
Откако МХП се врати во парламентот во 2007 година, Бахчели продолжи да прави чекори кои на моменти им помагаа на АКП, кога таа беше на важен крстопат, вклучително и при бурниот избор на Абдула Ѓул за претседател. Како резултат на тоа, тој се претвори во човек го истапкува патот на АКП – репутација која се засили по изборите на 7 јуни 2015 година, на кои АКП го загуби своето парламентарно мнозинство.
Собирајќи заедно 60 проценти од гласовите, трите опозициски партии на крај добија можност да стават крај на 13-годишното управување на АКП Но само неколку часови откако резултатите станаа познати, Бахчели ги попари надежите на израдуваните опозициски избирачи откако ја направи својата втора голема изборна услуга на АКП. Ја затвори вратата за можна коалиција и изјави дека е подготвен за нови избори, шокирајќи ја целата земја, но пред се сите во сопствените редови.
Неговата одлука совршено се сместува во стратегијата на Ердоган кој успеа да наметне нови избори на 1 ноември. Партијата на правдата и развојот (АКП) доби солидно мнозинство во парламентот, додека гневните избирачи го казнија Бахчели доделувајќи му само половина од 80-те места кои тој ги доби во јуни.
Бахчели ја изолираше Акшенер од парламентот, држејќи ја актуелната ѕвезда од женски пол на Партијата на националистичка акција (МХП) надвор од избирачките листи. Тоа само ја зголеми нејзината популарност и ја фокусираше да поведе внатрепартиски бунт. Според истражување од април на истражувачката агенција МетроПол, само 16 проценти од избирачите на МХП го поддржуаат Бахчели, додека 80 проценти сакаат промена, и во таа смисла 68 проценти ја поддржуваат Акшенер за свој нов лидер.
На тој начин, кампот од дисиденти беше охрабрен да продолжи напред, собирајќи доволно поткрепа од партиските делегати за свикување на вонреден конгрес за промени во партискиот устав и поплочување на патот за избор на ново раководство. Но Бахчели ја блокираше процедурата и започна судска битка, а двете страни ја чекаа конечната судска одлука откако судските инстанци издадоа противречни заклучоци. Тоа го продлабочи спорот, а првичната објавена дата за конгресот – 15 мај, помина заради се поголемата тензичност. Полицијата го опколи хотелот каде требаше да се случи собирот и не пушти внатре илјадници партиски делегати.
Врховниот апелациски суд на Турција, каде беше изнесен спорот за свокување на конгрес, донесе решение во полза на дисидентите цела недела по 15 мај, што ги потврди сомнежите дека врз судот се врши политички притисок.
Но сето тоа само ја засили поддршката за Акшенер и уште повеќе го дискредитираше Бахчели. Работејќи во тандем со уште тројца кандидати за лидерство во МХП, Акшенер започна да се прифаќа од гласачите на опозицијата како надеж дека АКП има алтернатива.
На основа на одлуката на Врховниот апелациски суд, Бахчели веднаш ја смени својата позиција и повика на конгрес, на кој треба да се избере лидер. Но дисидентите настојуваат дека конгресот единствено треба да се занимава со промена на партискиот устав, што се совпаѓа со нивните првични барања и за судска одлука, а изборот да се остави за подоцна. Нивната претпазливост произлегува од стравовите секое прекршување на законите може да ги попречи нивите напори, како и дека Бахчели може да ја искористи својата позиција, за да влијае врз резултатите. Како услов да го прифатат неговиот услов, тие го повикаа Бахчели да се повлече како партиски лидер.
Иако тензиите продолжуваат, внатрепартиската опозиција има серизони шанси на крај да излезе како победник. МХП, водена од Акшенер, се очекува да добие нови гласачи, и кои бараат алтернатива за АКП. Една обединета МХП веројатно категорично ќе се постави во поддршка на демократијата, политичката умереност, членство во ЕУ, отварање кон Западот и повлекување од Блискиот исток, каде Турција потпадна во безизлезност и со тоа истовремено ќе се засили спротивставувањето против Ердоган и неговите амбиции за претседателствување со извршни полномоштва.
Со таквата позиција, таа веројатно пред се ќе привлече гласачи кои ја споделуваат конзервативната и националистичката линија на АКП, но не се задоволни од курсот на управување, како и оние од кампусот на социјалдемократите со националистички убедувања. Ако тоа се случи, ќе биде блокиран планот на Ердоган за претседател со извршни полномоштва, затоа што АКП нема да има можност да добие парламентарно мнозинство кое ќе ги изгласа уставните дополнувња кои Ердоган ги посакува.
За МХП нема враќање назад. Дури ако се потребни и три конгреси за да се направи промената, партијата изгледа подготвена за значајно зацврстување на своето политичко влијание.
А она што е уште позабележливо е дека жена е најсилната надеж за опонентите на Ердоган, за да се смени односот на силите и да се спречат изгледите за Турција да потпадне под авторитарен претседателки режим. Ако таа успее, неспорно ќе ја смени историјата и ќе докаже дека ниту правосудството, ниту власта на владеечките нема да може да го сопре лидерот чие време е дојдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст