Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини синоќа по седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека ниту еден емигрант не е илегален.
-Начинот на кој тие се обидуваат да влезат во Европа можеби е илегален, но сите тие се луѓе, никој не е илегален на овој свет – истакна Могерини.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност нагласи дека во Советот за безбедност на ОН ја пренела пораката дека Европа го извршува својот дел од работата.
-Треба да очекуваме остатокот од меѓународната заедница да го исполни својот дел и светот да покаже единство во односот кон миграциската криза – наведе Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија