Во близина на метростаницата „Везнечилер“ во центарот на Истанбул дошло до експлозија. Според турските медими, се работи за бомбашки напад, чијашто цел бил автобус со полицајци. Загинале две лица, а осум се ранети, јавува „Абертурк“.
Aftermath photo of #Istanbul explosion. Target of the explosion was police bus, at least 5 people were injured pic.twitter.com/OsPLPVFDBg
— Mustafa Deveci (@Mustafa_DVC) June 7, 2016
Нападот бил изведен во утринските часови, во време на најголемиот метеж, во близина на исторскиот дел од градот, наведува „Си-Ен-Ен турк“.
Паркиран автомобил бил наполнет со експлозив, кој бил активиран со далечински управувач во моментот кога покрај него поминувал полицискиот автобус.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Неодамнешните напади во Турција ги изведуваа припадници на ИД, курдски екстремисти и припадници на радикалната левица. Турција е погодена од бран експлозии во последните неколку месеци.
Aftermath of the explosion via @Jakoben1789 #Istanbul pic.twitter.com/P7cyNFkbJs
— Cahida Dêrsim (@cdersim3) June 7, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст