| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи Рада, пораките од Зоран не беа нормални

Радмила Рада Матиќ од Виена, со која вдовецот Зоран Марјановиќ се допишуваше 23 дена после убиството на неговата жена, пејачката Јелена, вечерва потврди дека се допишувала со Зоран.

rada-m-zoran-marjanovic-foto-printskrin-1465244152-923509

Таа откри досега непознати детали за неговиот живот. Во емисијата Ќирилица на Миломир Мариќ, кажа дека е без влакна на јазикот и го прозиваше и вреѓаше Марјановиќ

-Тоа допишување траеше од 18 до 20 дена. Мислев дека тој е убиецот и жестоко го навредив, на што тој не ми одговори. Кога Курир.рс објави дека убиецот на Јелена се обесил, пак му пратив порака со извинување за тоа што го кажав, на што тој ми одговори. Се додека не ми прати слика од малата Јана, не верував дека вистински профил во прашање, т.е. дека навистина се допишува со мене после таа трагедија, наведува Рада.

Рада додава дека тој е дел од секта, затоа што според нејзините зборови непрестајно зборува за Христовите витези и дека има клуч за спасот.

-Тие пораки не беа нормални, велеше дека јас сум во проблем, дека ќе ме спаси, спомнуваше клуч на спасот, за кој претходно никогаш не сум слушнала. Продолжив да се допишувам со него затоа што сакав да си докажам самата на себе дека е во секта, кажа Рада во емисијата Ќирилица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top