
Вкупно осум лица се осомничени во акцијата, која МВР ја води под кодното име „Ерaзмус“ во акцијата што од утрово се одвивала на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, објави „Прес 24“ повикувајќи се на извори во истрагата.
Како што дознава порталот приведен е професорот Бобек Шуклев, професор на Економскиот факултет, а во моментов се трага по уште седум професори. Полицијата ги сомничи за примање, давање поткуп, противправно псоредување, злоупотреба на склужбена положба и овластувања, и други коруптивни дела.
При претресот неофицијално се најдени пари. МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот, бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет. Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем. Се проверува и инволвиураноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултетот.
Според првичните и се уште неофицијални информации, шестмина од осомничените се професори кои биле вработени на факултетот, а две лица се водат како помагачи.
Според првичните и се уште непотврдени информации, меѓу лицата по кои се трага се наоѓа и еден високо позициониран член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), кој инаку е професор на Економскиот факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


