| четврток, 6 декември 2018 |

Србија е европска депонија за храна и за козметика

citanje deklaracija hrana

Како што засега стојат работите, Србија може да служи како отпад за храна и за производи со лош квалитет кои се увезуаат од ЕУ зашто тамошното Министерство за стопанство не спроведува контроли на увозот, како што тоа е регулирано во Хратска, забележуваат српските медиуми.

Во Хрватска Агенцијата за храна постојано прави споредбени анализи на квалитетот на прозиводите кои се продаваат на источно- и на западноевропскиот пазар, конкретно во Германија, а се произведени во ЕУ.

Чешка и Словачка се штитат, така што со оваа анализа констатирале дека дури третина од производите што потекнуваат од ЕУ, а се наменети за нивните пазари, се со лош квалитет.

Квалитетот на храната се разликува од тоа дали е наменета за земјите од „старата“ или „новата“ ЕУ. Истражуањата на европските надлежни институции покажале дека производителите не испраќаат храна и други прозиводи со ист квалитет во сите земји на Унијата, пишува „Јутарњи лист“.

Србија е можеби единствената во регионот и во Европа која нема агенција за безбедност на храна. На порталот на хрватската Агенција за храна, пак, како последна вест може да се види информацијата дека поради присуство на тешки метали од пазарот се повлекуваат керамички садови со детска декорација.

Споредбените анализи се многу скапи, на пример за еден хемиски производ чина и до 2.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top