| четврток, 6 декември 2018 |

Кратерот Батагајка – вратата кон подземниот свет

krater batagajka sibir

Како што се топи вечниот мраз, така се шири кратерот и тоа со голема брзина. Веќе е долг околу еден километар и длабок 90 метри, а се шири дури 20 метри годишно, така што одењето по работ на амбисот е исклучително опасно, пишува „Индепендент“.

Кратерот Батагајка, кој се појави пред 25 години, исто така, е предизвикан од глобалното затоплување, а помали се појавуваат по делови од северната полутопка.

Топењето на вечниот мраз претставува еден од најголемите стравови на човештвото, зашто содржи големи количества метан, гас многу посилен од јаглеродниот диоксид. Ако се се стопи, тоа би можело на Земјата да дејствува како во есктремните научно-фантастични сценарија, велат научниците.

Последните истражувања вршени на Сибир, на кратерот Батагајка, се непроценлив извор на геолошки информации, кои потенцијално датираат околу 200.000 години во минатото. Тогаш на Земјата последен пат било потопло одошто е сега, а по неа талкале слонови и нилски коњи.

-Батагајка ни нуди поглед на тоа што се случило во минатото и што би можело да се случи во иднината. Како што се загрева климата, се повеќе ќе се топи вечниот мраз. Ќе има се повеќе бразди и ерозии на земјината површина – вели геологот Мартон, раководител на истражувањето.

Сепак, ќе помине извесно време додека Сибир да почне драстично да се топи, температурата таму сè уште знае да достигне и до минус 68 степени.

На дното на кратерот се гледаат остатоци од мамти, муфлони, коњи, дрвја, но засега нема докази дека пости таен тунел што води до „подземен свет“.

-На дното има карпи, не видов портал за пеколот – вели професорот, затоа што локалното население е убедено дека се работи за „нешто големо и натчовечко“.

-Кратерот е поасен за населението затоа што се шири со неверојатна брзина и ако во негова близина има улица или зграда, тие можат да бидат проголтани преку ноќ. Има многу подземни карпи од мраз, кои се високи и по 20-30 метри. Еднаш кога ќе почнат да се топат, ќе дојде до рапидна промена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top