| четврток, 6 декември 2018 |

Земја што сите сакаат да ја посетат, но туристите таму не се добредојдени

Минатата година, земјата ја посетиле 1,26 милиони туристи – неверојатен број за еден студен остров чие население брои околу 33.000 лица. Исланд можеби е прекрасен, но е опасно блиску до натрупаност. Тоа е пораката која ја испраќа северноатланскиот остров заради напорите да прифати рекорден број посетители.

Бројките директно го одразуваат ефектот од „Игра на престолите“ бидејќи фановите на телевизиската серија нагрнуваат кон местата каде е снимен серијалот. Во 2010 година избувна вулканот Еијафјатлајокутил, кој потоа стана туристичка атракција. Тоа исто го засили профилот на островот како место за одмор – чудно, ако се има предвид дека ерупцијата на вулканот на прво место доведе до 107 илјади откажани авионски летови во Европа.

Со оглед на тешкотиите низ кои минуваше земјата по финансиската криза во 2008 година, приходите од тој скок на туризмот со сигурност се добредојдени. Повеќето посетители на тоа до пред десетина години отпатно катче од светот, се уште предизвикуваат голем стрес. Па така, како е можно Исланд да продолжи да прифаќа туристи, а истовремено да не биде натрупан?

На прво место, не секогаш има доволно место за сите. Уште од јануари годинава, туристичката агенција која ја поседува веб страната Нордик травел ејџенси, беше вознемирена што сите места за сместување ќе бидат целосно резервирани за целата година. Она што се случува во Европа, тоа им создава проблеми на локалните жители затоа што местата за сместување кои би биле на располагање за нив, сега се дадени на туристи.

Престолнината Рејкјавик, која заедно со предградијата е дом на поголемиот дел од населението во земјата, гради многу нови хотели, но се судрува со некои проблеми поврзани со туризмот кои им се познати на многу други градови.

Туристичките ланци ги потиснуваат старите локални фирми, како на пример продавници за прехранбени производи и концертни сали во центарот на градот, одземајќи им дел од заработувачката кои на прво место придонесоа за привлекување на туристи. Бројот на собите кои се издаваат под наем преку Ербнб, за една година пораснал за 124 проценти, а обликот на некои улици со станбени згради е под закана затоа што бизнисот за издавање за туристи таму се развива многу брзо. Само на главната улица во Рејкјавик сега се издаваат 102 апартмани.

Проблемите надвор од околината на престолнината се поизразено исландски. Земјата е „каменита“, не особено плодородна, слабо населена е и слабо е развиена јавната инфраструктура. Во тоа, во голема мера се состои и привлечноста на островот – идејата да имаш древни полиња од лава, разорни водопади и дрвја покриени со мов во помала и поголема мера. Сега е многу помалку веројатно да останете сами, па дури многу од местата кои се лесно достапни преживуваат силен притисок од тоа што веќе не се толку слабо посетувани како што било претходно. Земјата на неколку прекрасни места е толку изгазена од претерано многу нозе, но повторно основните содржини, како паркизни и тоалети, се ограничени. Тоа доведе до непријатни инциденти, вклучувајќи ги и инцидентите при кои очајни туристи ги претворија гробовите на најголемите исландски поети во импровизирани тоалети. Помалку болно, но полесно за простување е туристите да се движат надвор од патиштата со што ја рушат кревката природна средина и така делумно да ја разнебитуваат дивата природа заради која и дошле од толку далеку.

Тоа го става Исланѓаните во многу деликатна ситуација. Тие сакаат златната гуска на туризмот да сопре да шета на сите страни, но не сакаат да и ја затворат вратата. Веќе во некои помали градови кои се мачат да се справат со проблемот, се во сила нови одредби за однесувањето на туристите. Туристичкиот совет на земјата се обидува да ги привлече посетителите и во внатрешноста на Исланд. Една од нејзините географски особености што нејзиниот централен дел е исполнет воглавно со непроодни камени скали и глечери, што значи дека треба да го фатите подолгиот крајбрежен пат за да стигнете од Рејкјавик до северниот и источниот дел од земјата.

Ако туристите бидат упатени да одат уште малку понатаму по тој пат и да стигнат до волшебните места како источните фјордови, тоа ќе го намали притисокот врз јужниот дел на Исланд, чија близина со Рејкјавик и создава исклучителни проблеми, затоа што е тоа блиска дестинација за кратки екскурзии од престолнината.

Освен тоа, постојат и сериозни планови кои се во процес на подготовки. Исланд пресметува со колку посетители ќе можат да се справат клучните објекти како Гејзир и геотермалниот спа центар Сината лагуна, па потоа да може да воведе ограничувања за пристап до тие места. Земјата размислува и да воведе главен туристички данок покрај таксите, и на тој начин да добие повеќе пари кои ќе ги вложи во подобра туристичка инфраструктура. Тоа може да сопре некои туристи со поскромни финансии, но ако се има предвид дека се очекува бројот на туристи на Исланд годинава да достигне 1,3 милиони посетители, тоа со сигурност е цена која се заслужува да биде платена за земјата да се одржи во добра состојба од страна на оние кои доаѓаат да ја видат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top