| четврток, 6 декември 2018 |

Добра недела за Бикот, лоша за Девиците: Неделен хороскоп од 6 јуни до 12 јуни

ОВЕН (21 март – 20 април)

Треба да ја развиете врската, подарувајќи, атрактивен подарок на саканото лице, на пример кратко патување. На брачните двојки, пак, нема да им течат работите мазно. Трпеливо чекајте подобри времиња. Ќе се чувствувате удобно на финансиска план. Заштедите ќе бидат на задоволително ниво. Сепак, не трошете неразумно, туку инвестирајте во нешто стабилно. Чувајте се од вирусни и алергиски инфекции оваа недела. Бидете крајно внимателни што јадете и пиете, но водете сметка и за одржување на добра лична хигиена. Возрасните нека пијат лекови редовно. Возете внимателно.

БИК (21 април – 21 мај)

Ќе уживате во задоволствата на животот со своите понежни половини. Оние во врска може да се колебаат дали да стапат во брак. Брачни двојките ќе се чувствуваат задоволни со предлозите на животниот партнер за зајакнување на односите. Потрошете некој денар за луксузни предмети за да се подобри домашната хармонија, па и по цена да не заштедите пари. Во меѓувреме, размислувајте како до екстра пари. Генерално, добро здравје оваа недела. Ќе биде уште подобро доколку се откажете од некои зависности што ви наштетуваат.

БЛИЗНАЦИ (22 мај – 21 јуни)

Ако бидете во потрага по вистинскиот придружник најверојатно ќе бидете разочарани. Турбулентно време за одржување на мирот и хармонијата во брачниот живот. Треба да бидете поприлагодливи, а помалку посесивни. Дајте се од себе да ја смените оваа лоша навика бидејќи може да се појават големи недоразбирања со вашиот партнер/ка. Треба да бидете многу внимателни во врска со здравствените проблеми. Средовечните и постарите лица треба да бидат дури и повнимателни. Вежби за дишење се од огромна помош.

РАК (22 јуни – 22 јули)

Ќе уживаате со саканите. Сепак, во брачниот живот, елементот на љубовта се чини дека исчезнал. Доколку сте верени, внимавајте да не станете премногу посесивни. Ќе добиете пари од продавање или изнајмување стар имот и ќе бидете во прилично комотна позиција. Потрошете дел од парите за семејството. Останете будни за здравствените проблеми и преземете превентивни мерки веднаш штом ќе забележите нешто невообичаено. Подобрете ја исхраната или започнете фитнес.

ЛАВ (23 јули – 22 август)

Ќе доживеете некои неизвесни моменти во почетокот на една врска што ќе ве стави на мисла. Брачните двојки ќе имаат ситни несогласувања, кои треба да се решат итно пред да прераснат во нешто големо. Финансиско подобрување е пред вас. Добар профитабилен период почнува сега. Ќе бидете подложни на здравствени проблеми. Може да се повредите неочекувано, па бидете внимателни при возење или при користење на остри предмети, како нож во кујната на пример.

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)

Не премногу поволна недела за вас. Оние во врска може да паднат како жртви на сомневања, што доведува до замор во врската. Брачните двојки ќе имаат различни приоритети и нема да успеат да се договорат за сè. Трошење пари за неоправдани нешта и дружење со пријатели кои не можат да бидат многу корисни може скапо да ве чини. Сериозно треба да почнете да размислувате за финансиката сигурност. Средовечните и постарите лица да внимаваат и на симптомите и на вистинските лекови. Другите, пак, да се чуваат од алергиски инфекции и стомачни вируси.

ВАГА (23 септември – 23 октомври)

Нема да бидете сигурни за изборот на љубовен план. Оние во врска може да се премислуваат дали да ја продолжат истата или не. Ништо значајно на финансиски план. Останете фокусирани на штедење за идни потреби колку што е можно повеќе. Не се исклучува ниту алтернативен извор за екстра пари. Болки поради забавено варење, додека проблемите со респираторниот систем треба да се третираат на итна основа; било какво занемарување може да доведе до долгорочни здравствени проблеми. Откажете се од сите зависности, а поготово од цигарите

ШКОРПИЈА (24 октомври – 22 ноември)

Ако барате придружник може да ја сретнете вистинската личност. Брачниот живот ќе почне да тече мирно. За да се зајакне врската, ќе биде добро да одите на кус одмор. Ќе имате потреба да трошите, но бидете разумни при тоа. Вложете напори да ги зголемите заштедите.
Обичнатата кашлица и треската може да се влошат. Преземете соодветни мерки. Медитирање и некои вежби за дишење ќе ви бидат од голема корист за да ја намалите напнатоста.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Можни сериозни проблеми во брачниот живот. И двајцата се држите до личните ставови.Внимателно справите се со овој проблем за да се избегне нарушување на бракот. Ако сте во врска, но сè уште не сте се обврзале, можеби ќе посакате да ја прекинете истата. Не цветаат рози на финансиски план. Може ќе почнете да барате други можности за заработка на екстра пари. Контролирајте ги и непотребните трошоци. Можно е да се разболите оваа недела. Дури и помалите здравствени проблеми земете ги сериозно и веднаш лекувајте ги за да не останете в кревет неколку дена непотребно.

ЈАРЕЦ (22 декември – 29 јануари)

Најверојатно ќе се разочарате неделава.Истото важи и за брачните двојки. Треба да работите на меѓусебното разбирање. Слаба финансиска недела. Ќе треба да позајмите пари за некое итно прашање. Сепак, подалеку од шпекулативни активности. Некои помали здравствени проблеми ќе продолжат да ве мачат, па преземете превентивни мерки за избегнување на компликации. Редовно џогирајте или одете на аеробик.Подобрете го животниот стил така што ќе се откажете од брза храна.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 18 февруари)

Оние во врска може ќе се премислуваат дали вреди да се остане во неа или не. За брачните двојки, ова е пријатна недела. Оние во потрага по придружник, најверојатно, нема да ја најдат вистинската личност.Добра финансиска недела. Сепак, не трошете пари импулсивно или под влијание на емоции. Доколку вашите деца бараат нешто неразумно, учтиво објаснете им дека тоа е апсолутно непотребно. Здравствени проблеми може да ве загрижуваат оваа недела. На проблемите поврзани со респираторниот систем треба итно да им се посвети внимание. Можност и за неочекувана повреда. Возете внимателно. На возрасните им се препорачува утринска прошетка.

РИБИ (19 февруари – 21 март)

Ќе уживате во љубовта. Оние во љубовна врска ќе бидат преокупирани со работата. Истото важи и за брачните двојки. Комотна позиција на финансиски план. Сепак, внимателно со парични трансакции. Не трошете на непотребни луксузи и обидете се да заштедите нешто. На болките поврзани со респираторниот систем треба итно да им посветите внимание. Побрзајте кај вашиот лекар по вистинскиот рецепт. Можна неочекувана повреда. Внимателно додека возите или ракувате со остри предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top