Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари посета на општина Кочани.
Градежните работи на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево во должина од 31 километар се одвиваат добро и се надевам дека на време ќе се реализира целосната реконструкција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Задоволство ми е што имав можност да посетам неколку делови од Кочанскиот регион. Увидов како се одвиваат градежните работи кои ги започнавме минатата година. Имав можност заедно со министерот за транспорт да видам како се одвиваат работите на реконструкција на патот Кочани-Македонска Каменица-Делчево. Тие се одвиваат добро, а во моментов се санира свлечиште што често прави проблеми во сообраќајот на тој пат. Откако ќе се санира свлечиштето, следи целосно гребење и ставање на комплетно нов асфалт. Овој пат е во лоша состојба, поради што беше вклучен во нашата програма и требаше проектот да биде реализиран подоцна, но земајќи ја предвид состојбата, и слушајќи ги поплаките на населението, и решив по, разговорот со министерот за транспорт побрзо да се реши овој проблем, истакна Груевски.
Делчево – Кочани е дел од пакетот регионални патишта во чија обнова и изградба моментно се инвестираат 80 до 90 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст