Францускиот шампион ПСЖ серизно е заинтересиран за услугите на Бразилецот во редовите на Ливерпул, Кутињо и нуди 60 милиони евра за трансфер. Според информациите во дел од француските медиуми, челниците на гигантот од Париз контактирале со застапникот на бразилскиот фудбалер соопштувајќи му дека на Кутињо планираат да му понудат клучна улога во тимот.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, подготвува веќе замена за еден од најдобрите играчи и стрелец на 12 гола минатата сезона во Премиер – лигата. Клоп сака да ги доведе Марио Геце од Баерн и Мане од Саутемптон.
Кутињо во јануари 2013 година стигна меѓу „црвените“ од Интер за 12 милиони евра, а претходно играше и за Еспањол и Васко де Гама. За репрезентацијата на Бразил одигра 13 меча постигнувајќи и еден гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.