Победникот на шоу програмата „Твоето лице звучи познато“ и ланскиот победник на „Х Фактор“, Даниел Кајмаковски има куќа во Белград, каде што престојува секогаш кога е таму. Но во неа не живее сам.
Куќата се наоѓа во населбата Вишњичка бања, има прекрасен двор и поглед на Дунав. Убаво е средена и во неа Даниел има свое катче со инструменти каде што вежба и твори нови песни.
Од неодамна друштво во неговиот дом му прави едно убаво црно кученце, кое Даниел го нашол на улица и го вдомил. Кучето се уште нема име, ама е многу мило и послушно, а Даниел многу го сака. Тоа живее во дворчето зад куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.