Хуманитарен „Светски пикник“ од кој донациите ќе бидат за потребите на народните кујни во Македонија, ќе се одржи денеска напладне во Градски парк, по повод 10 годишнината од основањето на Советот на странски инвститори при Стопанската комора на Македонија.
Странските инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија на пикникот ќе претстават дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни. Настанот е отворен за сите посетители, а поради хуманитарниот карактер на настанот, храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари.
Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст