| четврток, 6 декември 2018 |

Од афера во афера: Цеца обвинета дека во нејзиниот дом се носат ученици на екскурзија

Ceca , vila, kuca beograd 25.07.2013 foto Milena Andjela

Според тврдењата на родител, ученици од трето одделение од основно училиште од Сремски Карловци во текот на еднодневната посета на Белград, ја посетиле и куќата на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, објави новосадскиот портал 021.рс.Меѓутоа, таа за Блиц кратко ги отфрла обвинувањата.

-Се случува млади да застанат пред куќата и да се фотографираат, а ако поминам, ме замолуваат да се фотографирам со нив . Секако дека им излегувам во пресрет, но оваа приказна е тотално бесмислена, рекла Цеца и додала дека не ѝ е јасно кому му оди ви прилог да измислува таква приказна.

Директорот на училиштето исто така ги негира обвинувањата и одговорно тврди дека такво нешто не се случило, децата добиле бонус посета, но тоа било стадионот на Црвена ѕвезда.

-Кога поминувале покрај куќата, водичот рекол: „Тука живее Цеца“ и толку, тврди директорот.

Директорот се сомнева дека веста ја раскажал вистински родител.

Анонимниот родител, како што пренесува новосадскиот портал, уште рекол дека децата во домот на Цеца добиле и цедеа со автограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top